Најпознатиот ЛОВЕЦ НА НАЦИСТИ ВИЗЕНТАЛ: Бугарија по војната со пропаганда се обидува да ја избегне вината за геноцидот на македонските Евреи
На 11 март 1943 година Евреите од Битола и од Штип биле собрани од нивните домови и затворени во Монополот – фабриката за тутун во Скопје, по што следела депортација во логорот на смртта во Треблинка.
Во низа од три транспорти, кои започнале на 22.03.1943 година, бугарските стражари натовариле 7144 Евреи во добиточни вагони и ги придружувале до Лапово, каде требало да им бидат предадени на Германците. По шест дена патување во нечовечки услови, Евреите пристигнале во Треблинка. Сите биле веднаш убиени во гасните комори во логорот.
Во знак на сеќавање на депортацијата на македонските Евреи, пренесуваме дел од интервјуто со Симон Визентал (1908-2005), човекот којшто целиот свој живот го посвети на пронаоѓање и изнесување пред правдата на стотици нацистички злосторници низ целиот свет кои биле директно одговорни за смртта на милиони Евреи во логорите на смртта во Германија и Полска.
Интервјуто со Визентал го направи новинарот на Македонското радио Хари Миновски (1930-2000) во 1986 година.
Миновски: Во Втората светска војна животот во Југославија го загубија 1.700.000 жители или секој десетти Југословен. Меѓу нив има 60.000 Евреи, односно 7.148 од Македонија, која за време на војната се наоѓаше под окупација на фашистичка Бугарија. Оваа земја, која се бореше на страна на Хитлерова Германија заедно со некои други земји, ги заштитија своите Евреи. Бугарија навистина ги спаси своите Евреи, но за сметка на македонските Евреи, во едно крваво и морбидно пазарење со Германците, Бугарија ги жртвуваше македонските Евреи.
Миновски: Во Втората светска војна животот во Југославија го загубија 1.700.000 жители или секој десетти Југословен. Меѓу нив има 60.000 Евреи, односно 7.148 од Македонија, која за време на војната се наоѓаше под окупација на фашистичка Бугарија. Оваа земја, која се бореше на страна на Хитлерова Германија заедно со некои други земји, ги заштитија своите Евреи. Бугарија навистина ги спаси своите Евреи, но за сметка на македонските Евреи, во едно крваво и морбидно пазарење со Германците, Бугарија ги жртвуваше македонските Евреи.
Визентал: Пред сè да ви кажам дека сето ова ми е добро познато. На моите предавања низ целиот свет секогаш велам дека практично ниту едно семејство во Југославија, а исто така и во Полска, не останало без човечки жртви… А што се однесува до имињата на бугарските државници, вклучени во депортацијата на Евреите од Македонија, тие ми се познати. Имам пријател во бугарската Академија на науките и тој ми има испратено голем број на документи. Практично целата историја на Евреите што тие ја имаат во документацијата. Да, сето тоа ми е познато.
Кога зборуваме за настаните во Македонија морам да спомнам уште нешто. Човекот кој ја водеше депортацијата на македонските Евреи, оние преку 8.000 Евреи во Треблинка, беше еден од луѓето на Ајхман – Алојз Брунер. Денеска тој живее во Сирија под лажно име Георг Фишер… Пред две години професорот Матковски (н.з. Александар Матковски) напиша мошне добра документарна книга за трагедијата на Евреите во Македонија. Сметам дека владата во Белград ќе почувствува оти е нивна должност да направат нешто. Пред неколку месеци владата во Грција бараше екстрадиција на Брунер. Не е дозволено човек кој има сторено такви злосторства да живее слободно.
По војната Бугарија на разни начини се обидува, со пропаганда и фалсификати, не само да ја прикрие вистината и да ја избегне вината за овој геноцид туку и се прогласува за спасител на Евреите. Многумина наседнуваат на овие невистини, па дури и УНЕСКО пред извесно време на Бугарија ѝ додели специјална благодарница за спасување на Евреите. Исто така, во музејот на жртвите од холокаустот во Ерусалим, „Јад Вашем“, каде што има плочи на кои се забележани бројот на загинати Евреи по држави, на плочата на која пишува „Бугарија“ пишува 7.000 лица. За тие 7.000 лица, кои живееле во Македонија, а не во Бугарија, документирано може да се дознае од повеќе книги и документи. Меѓу другото, во книгата на Александар Матковски, кој го споменавте, но исто така и од книгата на битолскиот Евреин Арон Аса. Книгата се вика „Македонија и еврејскиот народ“, издадена во Ерусалим. Само еден цитат од оваа книга: „Во Македонија никогаш не постоел антисемитизам. Напротив, Македонците живееле во многу пријателски односи со своите сограѓани Евреи“. Дали во Израел и некои други земји им е познато дека Бугарија ги присвојува македонските Евреи и може ли ваквото сегашно бугарско однесување да ја оправда тогашната бугарска фашистичка влада за сторениот геноцид над македонските Евреи?
