Антикорупциска не утврди судир на интереси кај директорот на СОЗР со фирмата „Сити аутсорсинг“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница не утврдила судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и фирмата „Сити аутсорсинг“, за која опозицискиот СДСМ тврдеше дека е на неговиот татко и дека добивала тендери од државни институции.

Постапката што ја водеше Антикорупциската комисија е запрена.

Софија Спасовска-Медарска, член на ДКСК, вели дека во минатото постоела повзраност на членови на семејството на актуелниот директор со тоа трговско друштво, но во моментов таква поврзаност нема.

– Нема ниту сопственичка, ниту управувачка поврзаност на службеното лице или на член на неговото семејство. Од електронскиот систем на јавни набавки се гледа дека не се наведени податоци за договори склучени меѓу наведеното трговско друштво и институцијата со која раководи службеното лице, изјави Спасовска-Медарска.

Претходно, опозициската СДСМ обвинуваше дека 161 тенедер наводно добила фирма на блиско лице на директорот на владината служба. Томовски ги отфрли обвинувањата и велеше дека никој од неговото потесно семејство нема сопствеништво во компанијата посечена од опозициската партија. Тој ги повика ДКСК и Јавното обвинителство да покренат случај и што побрзо да го решат, затоа што само така, како што истакна, може да ја докаже својата невиност.

Како што образложи претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, анализата на електронската евиденција покажала дека околу една петтина од советниците во општинските совети не ја доставиле задолжителната изјава, што претставува прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content