Мисајловски: Реконструкција на касарната „Јане Сандански“ во Штип, годинава над 17 проекти во Армијата (ВИДЕО)

Денеска извршивме увид во тековните градежни активности во касарната „Јане Сандански“ во Штип, кои се реализираат со цел подобрување на условите за припадниците на Армијата, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за Владо Мисајловски.

-Проектот опфаќа сеопфатна реконструкција на објектот, со активности насочени кон подобрување на функционалноста, безбедноста и енергетската ефикасност.

За оваа година се опфатени над 17 проекти, кои се однесуваат на градежни активности низ сите касарни и објекти во рамки на Армијата и Министерството.

Нашата цел е јасна, модерна, опремена и силна Армија со современи услови за работа, затоа што нашите припадници заслужуваат најдобра поддршка додека ја штитат и бранат нашата татковина.
Подобрувањето на условите за работа останува наш врвен приоритет, пишува Мисајловски во својата објава.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content