Уставниот суд од 4 март ќе ги пренесува седниците во живо

Уставниот суд на Република Северна Македонија од 4 март започнува со директен пренос на седниците.

Јавноста ќе може во живо да ги следи седниците преку официјалната веб-страница, како и преку канали на Судот на YouTube и Facebook.

Како што велат од судот, граѓаните на овој начин ќе добијат можност во реално време да го следат текот на расправите, аргументите во процесот на одлучување и начинот на кој се носат одлуките од значење за правниот поредок.

Од Судот посочуваат дека одлуката е донесена со мнозинство гласови од актуелниот состав, со цел унапредување на транспарентното и отчетно институционално работење и зајакнување на довербата во правната држава.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content