„Чисто е убаво“: Прилеп се уредува – Комуналец со засилени активности за чистење и перење (ВИДЕО)

Под мотото „Чисто е убаво! Прилеп денес, и во иднина!“, ЈКП „Комуналец“ Прилеп продолжува со засилени активности за одржување на хигиената во градот.

Екипите на претпријатието секојдневно се на терен, спроведувајќи активности за чистење и перење на улиците, тротоарите и јавните површини, со цел создавање почиста и поубава урбана средина за сите граѓани.

Од „Комуналец“ информираат дека ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период, како дел од континуираните напори за подобрување на комуналната хигиена и подигање на свеста за значењето на чистата животна средина.

Видеото може да го погледнете тука.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content