Проданоски: Прилеп нуди стабилна бизнис-клима и силна поддршка за инвеститорите

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари работна средба со претставници на MATTO (Стопанска комора на Македонија-Турција), каде се разговараше за продлабочување на економската соработка и можностите за нови инвестиции.

На средбата, Проданоски ги презентирал потенцијалите на општината, нагласувајќи дека Прилеп е стабилна и подготвена деловна средина, која нуди јасна поддршка за сериозни инвеститори и е насочена кон развој на нови партнерства и заеднички проекти.

Тој истакнал дека ваквите директни контакти со бизнис-заедницата се клучни за привлекување нови инвестиции, отворање работни места и поттикнување на економскиот развој на градот.

Проданоски упати благодарност до комората за поканата и можноста за промоција на Прилеп, како и до претседателот Ајдован Адемоски за, како што наведе, отвореноста и подготвеноста за унапредување на заедничката економска соработка.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content