Законот за пушење се одложува

Законот за заштита од пушење најверојатно нема да стапи на сила од 1 март. Неговата имплементација ќе биде во фази, почнувајќи со едукација и опомени, а казните ќе следуваат подоцна. Ова го потврди државниот советник во Министерството за здравство, Никола Грпчевски, во емисијата Бизнис 21, додавајќи дека се уште траат разговорите со сите засегнати страни.

„Не би го нарекол ретерирање, туку фазна имплементација во дијалог со јавноста и бизнис заедницата. Почетокот ќе значи опомени и едукација“, рече Грбчевски.

Времетраењето на фазите допрва ќе се утврдува. Грпчевски истакна дека оперативната работна група ќе донесе одлука дали тие ќе траат 3, 6 или 8 месеци.

Угостителите го поддржуваат законот, но побарале целосната имплементација да се одвива три години, за да се избегне негативно влијание врз бизнисот, затворање на објекти и отпуштање работници. Според нив, законот е еден од најригорозните, инспириран од модели во Шпанија и Словенија, каде стапката на пушачи е 15-18%, во споредба со 60-65% во Македонија.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content