Градоначалникот на Прилеп се сретна со Генералната конзулка на Република Грција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти, посветена на можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен акцент на прекуграничната соработка.

Според соопштението од општината, на средбата беше истакната важноста од продлабочување на регионалната соработка како клучен фактор за унапредување на локалниот развој и услуги за граѓаните.

Како што е наведено, Општина Прилеп останува отворена за размена на идеи, искуства и добри практики, како и за иницирање конкретни активности што ќе придонесат за развојот на заедницата.

На средбата, исто така, се разговараше за значењето на соработката на локално ниво и за можните заеднички проекти кои би донеле реални придобивки за граѓаните и на двете страни.

Од општината потенцираа дека ваквите средби се важен чекор кон градење стабилни партнерства, нови можности и позитивни резултати за Општина Прилеп.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content