БОГ СЕ ЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ! – За многу години „Богојавление Водици“

Кога Господ Исус наполни триесет години од Своето телесно раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. Почетокот на таа мисија го означи со Крштението во реката Јордан.

Како што сведочи Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, а почеток на Евангелието е Јордан“. Во мигот кога Христос се крштеваше во јорданските води, на светот му се откри тајната што во Стариот Завет само се навестуваше тајната на Света Троица.

Отецот се јави преку слухот, Духот преку видот, а Синот и преку допирот. Отецот го објави Своето сведоштво за Синот, Синоот се крсти во водата, а Светиот Дух, во облик на гулаб, слезе и лебдеше над неа.

Кога Свети Јован Крстител посведочи: „Еве го Јагнето Божјо, Кое ги зеде врз Себе гревовите на светот“ (Јован 1, 29), и Го потопи Христа во Јордан, тој ја покажа Неговата мисија и патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на човештвото, умре под нивното бреме (потопувањето) и оживеа (излегувањето од водата). И ние, исто така, сме повикани да умреме како стар и гревовен човек, и да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот, и тоа е патот на спасението.

Празникот Богојавление (грчки: Теофанија) се нарекува и Просветлување, зашто настанот на Јордан нè просветлува на два начина: најнапред, ни го открива Бога како еднобитна и неразделна Троица; и потоа, бидејќи секој што се крштева во вода се просветлува, станувајќи посинок на Отецот на светлината, по заслуга на Синот и со силата на Светиот Дух.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content