-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(41) од село Обршани, општина Кривогаштани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.05.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот кој го користи пријавениот, при што пронајдени и одземени се ловна пушка и патрони, за кои пријавениот не поседувал дозвола издадена од надлежен орган – информираат од МВР.
Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претходна вест
Може ќе Ви се допадне
