Армијата е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива

Денес го славиме 18 август – Денот на Армијата, денот кога ја чествуваме една од најважните институции на државата, објави на Фејсбук, Премиерот Христијан Мицкоски.

Кога зборуваме за Армијата, зборуваме за продолжение на илинденската и асномската идеја, идејата за независна и слободна Македонија. Нашите претци се бореле со срце, со жртва и со визија.
Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина.
Армијата денес е симбол на новото време. Денес ние инвестираме во опрема, во инфраструктура, во услови за достоинствен живот и работа на војникот.

Оваа Армија денес стои рамо до рамо со сојузниците во светот, но и цврсто на својата земја, секогаш кога граѓаните се во неволја. Вие сте први на линијата на одбрана, но и први кои покажуваат што значи служење на народот.

Армијата е срцето на државата. Ако тоа срце чука силно, тогаш и државата е здрава и сигурна. Нашата Армија чука силно, затоа и Македонија ќе оди напред.
Да живее Армијата, напиша Мицкоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content