Владата планира нови мерки за намалување на маржите и контролирање на цените

Премиерот Мицкоски размислува за ограничување на маржите како одговор на растот на цените. Во денешната изјава, тој истакна дека многу скоро Владата ќе излезе со предлог решенија со цел регулирање на цените на основните прехранбени производи. Во моментот се водат интензивни консултации со експертската јавност, како и со трговците, производителите и дистрибутерите, за да се изнајде најдоброто решение.

,,Размислуваме, се консултираме со експертската јавност, следиме што се случува со однесувањата на трговците, на производителите, на дистрибутерите, но и на ланците на трговци, така што ова е еден сериозен процес во кој што сериозно навлегуваме и мислам дека многу скоро ќе излеземе со предлог решенија многу скоро.“, рече Мицкоски

На цените реагираат и граѓаните, велат дека по завршената мерка од минатиот месец, забележале дека истите сепак растат.

Инаку, државниот пазарен испекторат велат дека се вршат редовни инспекциски контроли во рамки на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за теконо постапување и спроведување на законските регулативи

Државниот пазарен инспекторат постапува во согласност со законите и годишниот и месечен план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и други институции согласно законската регулатива. Апелираат и понатаму до граѓаните доколку забележат неправилности да пријауваат на телефонскиот број 191 или на нивната веб страница.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content