Следуваат топли дождливи денови, со студени утра

Најстудено утре ќе биде во Маврово, со температура до минус 1 степен, а најтопло ќе биде во Скопје, Велес и во Гевгелија, каде температурата ќе достигне до 26 степени.

Времето утре ќе биде со ведро и свежо тро, а преку денот сончево со мала до умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер. Наместа во западните делови повремено ќе дува засилен ветер од западен правец.

Фото: УХМР
Најстудено ќе биде во Маврово, со температура до минус 1 степен. Најтопло ќе биде во Скопје, Велес и во Гевгелија, каде температурата ќе достигне до 26 степени.Понатаму следува период на топло време, до понеделник со пониски утрински температури. Дневните температури ќе бидат во пораст.

Во следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и со грмежи.

Фото: УХМР
Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content