Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија

Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија

На Самитот во Тирана премиерот Мицкоски ќе оствари средбa со премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер.

На средбата се очекува да се постигне согласност за договор за стратешко партнерство на земјава со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство.

Овој договор преставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и преставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка.

Самиот договор се преговараше повеќе месеци меѓу тимови од двете држави, и вклучува членови за блиска соработка во повеќе клучни области, велат за Прес24 владини извори

Се очекува повеќе информации во текот на денот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content