Тензичен протест во Тркање

Тензии имаше денеска на протестот во Тркање, а жителите го блокираа патот.

Група незадоволни граѓани поради катастрофалната состојба на пазарскиот пат бурно реагираа. Жителите велат дека патот е во очајна состојба и со години не е саниран.
„Јас на ваков начин нема да дискутирам. Ваше е правото да протестирате, но кога ќе разговарате нормално и институционално, тогаш ќе го решаваме проблемот“, изјави градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски.
Протестот ќе продолжи секојдневно од понеделник, 12 мај, во два термина: од 13:45 до 16:15 часот и од 21:45 до 23:15 часот, сè до исполнување на нивните барања и асфалтирање на патниот правец.

Извор: М-Нет.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content