Туристите почнаа да откажуваат аранжмани во Охрид

114

Наспроти напорите на владата за воспоставување на нови авиолинии и поврзување на Македонија со голем број странски дестинации што ќе овозможи значителен прилив на туристи,хотелиерите си пукаат во нога.Ги зголемија цените на услугите што предизвика откажување на аранжманите на полските и холандските туристи кои години наназад доаѓаа организирано со чартер летови на охридскиот аеродром.

“Компанијата која што го откажа чартерот е “Реинбоу” планираше да влезе на пазарот, го откажа барем по нивните коментари затоа што добиле повисоки цени за разлика од други пазари и тоа не можат да го издржат. За жал не откажаа само пољаците, има навистина голем број на групи кои или се на стендбај, или го намалуваат бројот на гости во секоја група или комплетно откажуваат”-вели Ана Јанческа-хотелиер

Секако дека сме загрижени по најавите за бројни откажувања, само од Полска секое лето имавме над 15.000 туристи,иако имаше празнично прилив на странски туристи меѓутоа во една ваква ситуација не знаеме каква сезона не очекува и како сето ова ќе се одрази врз туризмот-рано е да се калкулира,велат од туристичките агенци кои работеа со полските туристи.

“Како во цел свет така и кај нас бележиме еден тренд на покачување на цените и тоа секако има големо влијание.Исто така дел од хотелиерите одлучија оваа година да ја исклучат услугата all inclusive што е многу значајна за холандскиот, посебно за полскиот пазар. Поради економската ситуација и поради ред други причини, дел од хотелите одлучија да ја исклучат таа услуга мислам дека тоа има големи влијание за полскиот пазар, а исто така и за холандскиот пазар” –вели Јаким Маленко-Т.А. “Виспој Охрид”

Најавите беа одлични, но поради одредени ситуации кои се случуваат не само кај нас туку и на светско ниво, се чувствува благ пад на туризмот и намален интерес за патувања. Свесни дека со половична исполнетост на капацитетите во лето не ќе можат финансиски да ја преживеат годината, хотелиерите се оптимисти,отсуството на полјаците и холанѓаните ќе го надополнеле со гости од други дестинации.

Извор: АЛФАТВ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content