Викендов температури до 30 степени

99

Под влијание на топла и стабилна воздушна маса од југ, за време на претстојниот викенд времето во земјава ќе биде сончево и топло со појава на мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец кој во недела повремено ќе засилува на интензитет.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано-летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде слично како и во другите предели од Македонија, со максимална дневна температура која ќе се искачи до околу 30 степени.

Дестабилизирање на атмосферата и појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има уште од самиот почеток на следната седмица, но детална метео анализа околу ова следува во следните мои метео објави.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content