Овој моќен орган е одговорен за прочистување на крвта, разградување на мастите, производство на жолчка и други функции кои несвесно ги извршуваме секој ден.
Прекумерното консумирање шеќер може да го зголеми ризикот од замастен црн дроб, бидејќи црниот дроб го претвора вишокот шеќер во маснотии, кои со текот на времето се акумулираат и предизвикуваат штета, објаснува д-р Џејмс Вокер.
Истото важи и за храната богата со заситени и транс масти – прекумерното внесување може да го преоптовари црниот дроб и да предизвика воспаление и лузни на ткивото.
Затоа, докторката д-р Џенин Боуринг неодамна на TikTok сподели три едноставни намирници кои помагаат за здравјето на црниот дроб.
Маслиново масло
Маслиновото масло содржи многу антиоксиданси, особено полифеноли, кои помагаат во заштитата на клетките од оксидативен стрес, објаснува д-р Боуринг. Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на маслиново масло може да го намали воспалението и акумулацијата на маснотии во црниот дроб и да ја подобри неговата функција.
Цикорија
Горчливата листеста цикорија е позната по своите антиинфламаторни својства благодарение на растителните соединенија наречени сесквитерпенски лактони. Покрај тоа што го подобрува вкусот на салатите, цикоријата помага и во детоксикација на црниот дроб. Црвената цикорија е полна со витамини и минерали, конкретно со витамин К, влакна и цинк. Содржи малку калории и помага подолго време да бидете сити, а истовремено го подобрува здравјето на коските и го зајакнува имунолошкиот систем. Преполна е со антиоксиданти кои се добри за здравјето на клетките.
Јајца
Јајцата, како рибата и брокулата, се богат извор на холин – суштинска хранлива материја која црниот дроб ја користи за разградување на мастите и транспорт на холестеролот, објаснува д-р Боуринг. Недостатокот на холин може да доведе до оштетување на црниот дроб и развој на замастен црн дроб.