Според регистарот на Министерството за економија, во Скопје не постои ниту еден ноќен клуб – кабаре со лиценца за работа. Во овој регистар се објавени сите локали кои добиле дозвола за работа во текот на ланската година.
Премиерот Мицкоски истакна дека вкупно 12 локали имаат лиценца, но ниту еден од нив не се наоѓа на територијата на главниот град. Најмногу лиценцирани ноќни клубови и кабареа има во Битола – вкупно три.
Следува Охрид со две дозволи, додека по една дозвола имаат Штип, Делчево, Неготино, Кичево, Прилеп, Виница и Гевгелија.
Дополнително, не се регистрирани ноќни клубови – кабареа во Тетово, Струга, Гостивар, Струмица, Куманово и Кочани.