Вака изгледал излезот од дискотеката „Пулс“ во Кочани

144

Мала врата од каде требало да излезат над 1000 млади посетители.Вака изгледа излезот од дискотеката „Пулс“ во Кочани каде вчера се случи трагедија на концерот на групата ДНК. Објектот изгледа целосно запуштен и допрва ќе се испитува дали ги задоволувал стандардите за концерти и настани. Владата веќе најави инспекција на сите вакви објекти.

 

 

Во синоќешниот пожар во Кочани, според последните информации што ги објави МВР,  починале 59 лица, а 155 се повредени. За четири лица распишана е централна потерница, а досега извршени се разговори со десет хоспитализирани лица, како и со еден од членовите на групата ДНК.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content