Денеска е „Прочка“ или „Велики Поклади“ – Простете за да ви биде простено!

105

Денеска е Прочка или Велики поклади. Овој ден за православните христијани е време за меѓусебно простување пред почетокот на Велигденскиот пост.

Датумот на Прочка се менува во зависност од датумот на Велигден и секогаш е точно на 7 недели пред наголемиот христијански празник Велигден.

– Според верувањата, Прочка е ден на искрена и пожртвувана љубов кон ближните и следење на примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.

Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се верува дека ќе биде најсреќно во следната година. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content