Реконструкции на Воената болница 8 Септември и аеродромот во Охрид

100

Грижата на една влада за своите граѓани се гледа во капацитетите кои ќе ги изгради и ресурсите кои ќе ги стави на располагање. Со оваа прес-конференција сакаме да го одбележиме и најавиме почетокот на реконструкцијата на два витални капацитета, за коишто веќе претходните говорници зборуваа во детали, тоа е Градската болница 8 Септември и аеродромот во Охрид Св. Апостол Павле – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека здравството, била една од најзапоставените области каде континуираната негрижа од минатата влада довело до распаѓање и на така дотраените болници и капацитети.

Тука морам да оддадам почит на голем дел од посветениот здравствен кадар, кој и во едни такви услови продолжи да работи посветено и во едни супстандардни услови го дава својот максимум.

Нема да се повторувам од тоа коешто го кажаа претходните говорници, за техничките карактеристики на овие два проекта, за сето она што ќе биде реновирано итн. Само на крај би сакал да изразам благодарност до потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, до министерот за здравство Арбен Таравари, како и до директорот на болницата 8 Септември д-р Синиша Стојаноски за нивната посветеност и ангажираност во реализацијата на овие проекти – рече премиерот.

На крај Мицкоски додаде:

Се на се, ова се крупни инвестиции и зафати за објекти кои се од суштинско значење за нашата држава. Посветено продолжуваме да решаваме проблеми, да создаваме додадена вредност и да се бориме за подобар живот на граѓаните. Важно е да се знае дека мора да одиме напред и Македонија повторно да биде ваша.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content