Гренел: 290 милиони долари се дадени во Македонија на левичарски невладини организации преку УСАИД

103

Милијарди долари се дадени на левичарски невладини организации за спроведување на политиките во други земји, објави Ричард Гренел, пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии.

Гренел на на мрежата Х ја пренесува објавата на локален медиуми за тоа колку пари наводно потрошила американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) во земјите од Западен Балкан, нарекувајќи го „непромислено трошење“.

„Вредните Американци плаќаат даноци – политичарите во Вашингтон непромислено ги трошат тие пари. Милијарди долари дадени на левичарски невладини организации за да водат радикални политики во други земји“, напиша Гренел.

Тој пренесува дека две милијарди долари биле дистрибуирани од УСАИД во земјите од Западен Балкан од 2020 до 2024 година, што се совпаѓа со поголемиот дел од мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден.

Во период од четири години, повеќе од 500 милиони долари биле дадени на Косово, околу 400 милиони на Босна и Херцеговина, 290 милиони долари на Македонија, повеќе од 200 милиони на Србија, повеќе од 180 милиони на Албанија и повеќе од 70 милиони за Црна Гора.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content