Оваа недела, на 29 декември, Скопјево 12 часот ќе блесне во празничен дух со јубилејното 10-то издание на традиционалната трка на Дедо Мразовци што ќе се одржи на Плоштад Македонија.
Стотици учесници облечени во дедомразовски костуми ќе трчаат низ главниот град, внесувајќи радост и забава за сите генерации.
Трката, освен натпреварувачкиот карактер, нуди и многу забава и е отворена за сите – од најмладите до највозрасните. Со должина од само 2 километри, патеката е совршена за целото семејство, вклучувајќи ги и децата во придружба на нивните родители.
Пријавувањето е во тек преку веб страницата https://prvdovrv.mk/dedomrazovska и трае до 25 декември! Со пријавувањето, добивате целосен дедомразовски костум – палто, панталони, капа, ремен и брада, или пак женски комплет со фустан и капа со плетенки.