Владата и банките постигнаа договор

101

Постигнат е договор со банките и средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството, информира портпаролката на Владата, Марија Митева.

На седница на Влада се донесе заклучок во врска со предлогот на Министерството за финансии за условите за кредитната линија од унгарскиот кредит, а во однос на користење на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва.

Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да преземат активности околу операционализација на средствата од кредитната линија под следните услови: минимален износ по корисник до 10 милиони евра, рок на отплата од страна на крајниот корисник до 15 години со вклучен грејс-период до 3 години и квартална отплата по завршување на грејс-периодот. Фиксна каматна стапка од 1,95% без надомест за одобрување, сопствено учество на крајниот корисник од минимум 20% од вкупната вредност на инвестицијата – посочи Митева.

Дополнително, средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва, ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство и истите ќе можат да се користат за следните намени: инвестиции во опрема, недвижности, погони, фабрики, деловни објекти за сопствена употреба, транспортни средства поврзани со производствениот процес, обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.

Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од страна на крајниот корисник со цел обезбедување на соодветна контрола на искористувањето на средствата. Имајќи предвид дека БДП е проектиран на 16 милијарди, станува збор за 5% од БДП, средства кои што очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година. Тоа е алатка со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост – посочи Митева.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content