До петок ќе се задржи стабилно и тивко време, по одделни котлини со појава на магла и пониски дневни температури. Од петок кон крајот на денот и за време на викендот под влијание на влажна и студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во повисоките места.
Во текот на утрешниот ден не очекува минимална температура: -3°C до 2°C, а максимална од 6°C до 15°C. Во текот на утринските часови ќе има појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.
Во петок, пак, минимална температура ќе се движи -2°C до 5°C, а максималната од 5°C до 14°C. Времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и во текот на ноќта вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Временската прогноза за првиот ден од викендот носи минимална температура од 2°C до 7°C, а максимална од 2°C до 9°C. Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во пониските места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Претходна вест
Може ќе Ви се допадне