Дел од празничната атмосфера синоќа во центарот на Прилеп

106

Со импровизиран напад поранешната бугарска полициска станица – Участакот, а денес Меморијален музеј „11 Октомври“, синоќа во Прилеп започнаа централните настани на одбележување на 83-годишнината од почетокот на Народното востание против фашистичките окупатори. Покрај традиционалниот огномет, на камената бина во центарот на градот имаше пригодна музичка програма, каде свои настапи имаа членовите на Културно уметничкото друштво “Пере Тошев” и бендот No Cigarettes.

Топлото време ги изнесе прилепчани во огромен број на плоштадите, па беше убаво градот да се виде раздвижен и жив.

Прилеп се гордее со улогата што ја има во историските настани за почетокот на антифашистичката борба. Го чува заветот на предците кои ги извојуваа битките за слободна и независна држава. Денешните генерации имаат нови битки–за подобар живот и за економски просперитет.

Нека ни е честит денешниот празник – 11-ти Октомври – Денот на народното востание!

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content