Добро-познатите наполитанки, кои граѓаните често пати ги купуаа преку ноќ поскапеа. Ако до вчера овие чоколадни наполитанки се продаваа од 280 или 300 денари, во зависнот од маркетот, сега – буквално кога се најавува намалување на цените на дел од произвоодите, овој артикл поскапе за речиси 100%.
Револтирани граѓани кои пазареле во еден добро-познат скопски маркет во Дебар Маало, ја фотографирале цената на, како што пишуваат на 24.09.2024 година во попладневните часови, и ја испратија до реадакцијата на Експрес. Велат дека овој тренд мора да запре.
И апелираат до инспекцијата веднаш да излезе на терен и да ги прочешла не само продавниците во Скопје, во Дебар Маало, туку буквално сите мали и големи маркети, зашто трговците ништо не почитувале од владините мерки за поевтинување на производите.
Колку за потсетување, од сега треба да има намалување од околу 10% на над 70 прехранбени производи кои се дел од есенската потрошувачка кошница, но во првата обиколка по стапување во сила на мерката, во маркетите, можеше да се види дека добар дел од малите продавници и големи маркети сè уште ја немаа ставено ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ која требаше да стои пред производите кои поевтинуваат.
Инспекцијата им даде рок тоа да го сторат до крајот на денот, во спротивно ќе бидат казнети. Додека се случи тоа, граѓаните се жалат дека уште пред да стапи на сила мерката за ограничување на маржата, трговците ги покачиле цените, што навистина ги поминува сите граници. Што ќе се случи со ценовата политика, останува да видиме.