Просечната нето-плата во јули изнесувала 40.961 денари

110

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

-Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19.1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.6 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16.7 %) – покажуваат податоците од ДЗС.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.9 %), Административни и помошни услужни дејности (5.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во јули изнесувала 61.569 денари и во однос на јули 2023 година е повисока за 3.1 отсто.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content