Укината целосната забрана за движење во шума

101

Укината целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари, информира Јавното претпријатие „Национални шуми“.

„Согласно Барањето од ЈП ‘Национални шуми’ од бр.11-341/5 од 17.09.2024 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, ја издаде согласноста за укинување на целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште дадена на 15.07.2024 година поради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште со кои управува ЈП ‘Национални шуми’“, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека за спроведување на горенаведената согласност за укинување на целосната забрана за движење во шума, со допис се известени сите инволвирани институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Министерство за Одбрана, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Државен инспекторат за шумарство и ловство, средствата за јавно информирање, како и подружниците во состав на јавното претпријатие.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content