НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Загинаа македонскте херои Стив Наумов и Мите Богоевски во борба со бугарската фашистичка војска и полиција

102

На 12 септември 1942 година во месноста Долец, во Болнската Планина во нерамномерна борба против бугарската војска и полиција не сакајќи живи да паднат во рацете на окупаторот, сами си го одзедоа животот Стефан Наумов-Стив и Димитар Богоевски-Мите, народни херои на Македонија.

Стефан Наумов е роден во Битола на 27 октомври 1920 година. Димитар Богоевски-Мите е роден во селото Болно, Ресенско, на 31 октомври 1919 година.

Стив Наумов, на 22 годишна возраст, на 12 септември 1942 година, кај селото Болно, Ресенско, во борба против бугарската војска и полиција се самоубил, заедно со неговиот соборец, народниот херој Мите Богоевски.

Двајцата македонски борци против фашистичкиот окупатор сами си ги одзедоа животите за да не паднат живи во рацете на бугарскиот окупатор.

По нивната смрт окупаторот се изживувале врз нивните тела, како што денес повторно се изживуваат над историја, бришејќи ја и менувајќи ја.

Вечна им слава на македонските народни херои, нивната жртва нема никогаш да биде заборавена од македонскиот народ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content