Зголемувањето на пензиите го помина првиот собраниски филтер

115

Пратениците ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој, како што рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализира предизборното ветување на владејачката партија за линеарно зголемување на пензиите.

Предлог законот со 71 глас „за“ стана дел од точките на дневниот ред на 14. седница кој пратениците и по два часа од почетокот со работа се уште го утврдуваат.

На барање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски дневниот ред е дополнет и со Предлог-законот за задолжување на Република Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content