Фестивал на пиперката во Кривогаштани

132

На 31ви август 2024 година во општина Кривогаштани во организација на општината ќе се одржи вториот по ред „ФЕСТИВАЛ НА ПИПЕРКАТА“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумерство и водостопанство, соработници и партнери.

Нашето црвено злато – пиперката капија, низ оригиналните рецепти од нашите поколенија надополнети со љубов од вештите мајстори во гастрономијата стануваат врвни деликатеси кои се незаменлив дел од нашата трпеза, и вистински одраз на нашите традиционални вредности. Со оваа манифестација ќе промовираме производи кои се одлика на богатото, препознатливо македонско производство во општина Кривогаштани и нејзините културни и традиционални вредности.

Локалната гастрономија ќе биде претставена преку храна и пијалок, а нашата култура ќе биде претставена преку нашата македонска музика. Важноста од производството на пиперка ќе биде прикажана низ едукативно-забавно катче за најмладите. Успешната приказна за промоција на македононската култура и традиција продолжува со промовирање на локалните обичаи, домашната храна, земјоделското производство и потенцијалот на општина Кривогаштани.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content