Повлечени небезбедни грчки производи од македонскиот пазар

127

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека операторот со храна „ДТГМУ ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје“, ул. Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 Скопје, врши отповикување на следниве небезбедни производи:

– КОЛИОС Грчки јогурт, 0%, 500 г, Лот:4243250644

– КОЛИОС Грчки јогурт, 0%, 150 г, Лот: 4243025064

Рок на употреба на производот е 16.08.2024 година. Причина за отповикувањето е присуство на мувла и потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Производител: Колиос Грција

Увозник во РСМ: ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје

Дистрибутер во РСМ: ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје

Оператор со хрaна: ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје

-Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со посочените лотови и рок на употреба, иститe да нe ги консумираат и да ги вратат на местото од каде ги купиле, појаснуваат од АХВ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content