Бугарија нема проект за пругата, а и смета зошто новата власт во Mакедонија ги пренасочила парите попаметно

118

Владата на Република Бугарија со зголемена доза на вознемиреност ги следи изјавите на официјални претставници на Република Северна Македонија насочени кон кршење на меѓународните обврски во областа на инфраструктурното поврзување, вклучително и со пренасочување на европските фондови за изградба на железничката компонента од Коридорот 8 за брза пруга на Коридорот 10. Ова се наведува во ставот на Министерскиот совет на бугарската влада, пренесуваат бугарските медиуми.

„Потсетуваме дека Република Северна Македонија во повеќе наврати ја презеде и ја потврди својата посветеност за инфраструктурно поврзување на двете земји, вкл. Коридор VIII, како на пример во Договорот за добрососедство од 2017 година и неговите протоколи од 2019 и 2022 година, Меморандумот за разбирање меѓу Албанија, Бугарија и Северна Македонија од октомври 2021 година, заедничката декларација на Албанија, Бугарија, Италија и Северна Македонија од ноември 2023 година, декларации на Самитот на НАТО од јули 2024 година итн.“, се вели во ставот на тамошната влада.

„Трансевропскиот Коридор VIII не само што ја поврзува Република Северна Македонија со Бугарија, туку има за цел да ја зголеми геостратешката автономија на Европската унија (ЕУ). Таа, исто така, станува клучна логистичка рута долж јужното крило на НАТО од Јадранот до Црното Море и е од големо значење во сегашниот геополитички момент. Одбивањето да се изградат основни компоненти на Коридорот VIII ја ослабува колективната безбедност на Алијансата“, се додава во ставот.

Бугарската влада потсетува дека официјална Софија во повеќе наврати го покрена прашањето за изградба на Коридорот 8 на највисоко ниво и успешно лобира за обезбедување на европски средства за негова изградба, вкл. за Република Северна Македонија.

„Благодарение на бугарските напори, Коридорот 8 е вклучен во опфатот на европскиот транспортен коридор ‘Западен Балкан – Источен Медитеран’ како приоритет за ЕУ. На крајот на 2023 година делницата Крива Паланка – Деве Баир беше назначена од ЕУ како еден од шесте водечки проекти на стратегијата ‘Глобал портал’ и финансирана со над 500 милиони евра грантови и заеми“, соопшти тамошниот Министерски совет.

„Ја повикуваме владата на Република Северна Македонија одговорно и со добра волја да пристапи кон сите преземени обврски и договори со цел навремена изградба на делниците од трасата на Трансевропскиот Коридор VIII на нејзина територија“, додаваат од официјална Софија.

Бугарија за внатрешно – политички потреби ја политизира најавата на Владата за пренамената на средствата за изградбата на пругатата кон Бугарија, смета премиерот Христијан Мицкоски. Одлуката вели дека се темели, на чисто инженерски проблем, бидејќи од бугарска страна не постои јасен проект.

Според специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, европскиот транспортен Коридор 8 е од стратешко значење за регионот.

„За време на моите разговори во Софија разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје”, вели Сарацин откако министерот за транспорт Александар Николоски побара парите за Коридорот 8 да се пренаменат за Коридорот 10.

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека проектот за изградба на пругата од Коридорот 8 во Бугарија се користи за внатрешно-политички цели од страна на Бугарија велејќи дека „ова е инженерски проблем и нема врска со политика“.

Тоа ќе подразбира минимум 500 милиони евра, пари како кредит или од буџетот, практично граѓаните и 200 милиони пари на европските даночни обврзници за 24 километри, 22 тунели, кои што ќе завршат на пола тунел во слепа улица, без да знаеме што ќе се случува од бугарска страна. Бидејки таму нема јасен проект дали тунелот ќе продолжи.

Велиме, дајте да го видиме проектот од бугарска страна. Нема.“, изјави Мицкоски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content