КАРАКАМИШВА: Секаде во светот Академиите се национални установи поврзани со нацијата и државата, а не со етникумите

138

Професорката на Правниот факултет во Скопје, Тања Каракамишева вели дека науката и уметностите се универзални категории, и тие немаат етничко, туку вредносно значење!

-Тие не се мерат и не се споредуваат на светската скала според етничките параметри, дали некој научник или уметник е припадник на една или на друга етничка група, туку според тоа дали сознанијата или уметничките дела имаат научна и вредносна тежина согласно светски утврдените параметри. Науката и научните сознанија немаат вредност според тоа дали некој научник е Турчин, Ром, Албанец или Германец, дали тој како етнички припадник на етничка група ги утврдил и елаборирал своите научни сознанија. Не, научните сознанија се ценат и вреднуваат според научната тежина на сознанијата на светско ниво, пишува професорката на Фејсбук.

Каракамишева посочува дека се мери умот на научникот, не етничката припадност!

-Се мери колку научните сознанија се научно поткрепени и издржани! Науката не смее да биде етнифицирана, таа не е, ниту некогаш била етничка категорија. На науката најмалку што и треба е да биде злоупотребувана во етнички контекст. Тоа е сквернавење, нагласува Каракамишева.

Додава дека секаде во светот Академиите за наука и уметности се национални установи поврзани со нацијата, со државата, а не со етникумите.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content