СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

220

Вчера во периодот од 18:00 до 02;00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата.

Притоа, спроведена била и сообраќајна контрола и санкционирани биле 28 возачи, а 15 возила биле подигнати со специјално возило „пајак“… Исто така, вчера (26/27.07.2024) во периодот од 20.00 до 02.00 часот на подрачјето на општина Аеродром постапено е по планот „Безбедно лето 2024 година“.

При преземени мерки на повеќе локации констатирани биле 12 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а било приведено едно лице за констатиран прекршок по член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content