Ненси Лозанче е нова в.д. директорка на Клиничката болница во Битола, Амир Елези на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, Стефан Трајановски на Општата болница во Куманово, Александар Бузалков на Општата болница во Велес, Стевче Цветановски на Психијатриската болница во Демир Хисар, Невена Маневска на Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија, Мухсин Арифи на специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, Горан Маркоски на Општата болница во Охрид, Игорче Џиковски на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија и Лазе Јовчевски на Универзитетската клиника за детска хирургија се назначени за нови в.д. директори, наведуваат од Министерството за здравство. Стојанче Петров е нов в.д. директор на Здравствениот дом во Радовиш, Рената Пешиновска на Здравствениот дом во Вевчани, Шпенди Амети на Центарот за јавно здравје во Тетово, а Горан Кузески на Центарот за јавно здравје во Прилеп.
Може ќе Ви се допадне