Наградна игра по повод 10-годишниот јубилеј на компанијата „Авто Контрол“

162

Од мала занаетчиска работилница до една од најреспектираните компании во својата област. Компанијата “АВТО КОНТРОЛ” од Прилеп во месец мај годинава прослави 10 години постоење, еден вреден јубилеј кој го одбележаа бројни успеси, бројни примери за општествена одговорност и илјадници задоволни клиенти.

Токму во чест на тој јубилеј, компанијата приредува едно интересно изненадување за своите верни клиенти.

Станува збор за ексклузивна наградна игра која е во организација на Станицата за технички преглед, Техничката служба за хомологација и атест, како и Сервисот за возила при “Авто Контрол”, а право на учество ќе земат сите оние кои од 10 јули до 30 септември:

– извршиле технички преглед при регистрација на возило во станицата за технички преглед;

– добиле два идентични наградни купони кои содржат сериски број внесен во дневникот за евиденција на техничките прегледи при регистрацијата на возила;

– eдниот од наградните купони го оставиле во кутијата за собирање на наградни купони, која ќе биде поставена на видно место во влезната просторија на компанијата – кај шалтерите

– вториот награден купон го чуваат кај себе како доказ за учество на наградната игра.

Еден среќен добитник ќе добие прекрасен ретро скутер oд марката Yuki Margherita 50 CC, како знак на неизмерна благодарност од компанијата за лојалноста и поддршката.

Извлекувањето на наградата ќе се изврши во вторник, 01.10.2024год., и ќе биде јавно спроведено од тричлена комисија, а видео материјалот ќе биде објавен на официјалната Фејсбук фан страна на компанијата.

-Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и што ни ја укажувате вашата доверба, велат од “АВТО КОНТРОЛ”, а ние ви порачуваме дека и тоа како ВРЕДИ ДА СЕ УЧЕСТВУВА!

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content