Холандија е последниот полуфиналист на ЕП во Германија откако вечерва со пресврт во второто полувреме ја совлада Турција со 2:1. Холанѓаните добро го започнаа мечот, но потоа некаде од 20-тата минута Турците почнаа да напаѓаат и постигнаа гол. Акајдин со глава го совлада Фербруген за водство на Турците.
Во вториот дел поинаква Холандија, онаа напаѓачки настроена и офанзивна. Во 70 минута стигна одговорот. Де Фрај го изедначи резултатот. Само шест минути подоцна џокерот од клупата, Гакпо реализираше за конечни 2:1. Во 81 минута стрелецот на голот Акајдин беше изнесен на носилки поради повреда.
Холандија во полуфиналето ќе игра со Англија. Другото полуфинале го сочинуваат Шпанија и Франција.