Во Прилеп успешно се реализираше авто-слалом натпревар

326

Денес прекрасниот ден го искористивме автомобилистички, односно целосно го покривме авто-слалом настанот во Прилеп, односно во нас. Точила, каде свое учество на овогодинешната манифестација зедоа повеќе од 50 возила. Манифестацијата најпрво ја отвори градоначалникот на град Прилеп, г-дин Борче Јовчески кој посака традицијата да трае и им посака среќа на сите учесници.

Што се однесува до натпреварувањето во време, тоа се одвиваше дисциплинирано и во три категории, додека нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски се натпреваруваше во најсилната категорија на автомобили над 1600ccm и го освои фантастичното трето место со извозено време: 1 мин 07 сек. Тоа покажува дека Кичево има желба и автомобилистички дух да се натпреварува но и да организира, така што ветуваме уште многу збиднувања во иднина.

Оваа прилика ја користам да ви се заблагодарем пред се на вам, кој едноставно го следите нашиот шампионски чекор и сте долги години наши поддржувачи и партнери, исто така им се заблагодарувам и на сите останати активни партнери и спонзори, на моето семејство за поддршката и на сите пријатели. Оваа награда е само мотив повеќе да ја издигнеме авто-културата на едно повисоко ниво, дај боже до година да сме и домаќини во нашиот град, за Порта.мк изјави Бојоски.

Извор: ПортаМК.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content