Чествување за Бубевски, Пехчевски, Мирчевски и Двојаковски, бранители на Македонија кои загинаа во 2001 година

183

Во Берово денеска се одбележуваат 23 години од смртта на загинатите бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, кои загинаа во воениот конфликт 2001 година и три години од подигање на спомен- обележјето, кое во нивна чест го подигна Општина Берово.

Делегации од Единиците на загинатите бранители, од Општина Берово, од семејствата на загинатите бранители, ОВР Берово, Организација  на резервни офицери Берово – Пехчево  и политичките партии,  положија цвеќе на спомен-обележјето на загинатите бранители.

Пред присутните беше прочитан краток реферат за делото на загинатите бранители и со едноминутно молчење беше оддадена почит.

-Во знак на голема почит кон загинатите бранители, во Берово се преименувани имињата на четири улици, со што  уште еднаш,  им се поклонуваме и  го овековечиме споменот на нашите херои, чии животи се вградени во темелите на нашата земја. Вечна им слава на загинатите бранители и вечен спомен на Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски. Нивното спомен-обележје засекогаш ќе ги избрише од заборав нивните ликови, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Во рамки на пригодниот реферат беше потенцирана пораката дека не постои поголема вредност, поголема доблест од тоа да се стави сопствениот живот на браникот на татковината, акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content