„Доста е исклучоци, Македонија е мала држава, НО ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ПОЧИТУВАНА како сите останати“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова порача дека и за нас треба да важат истите критериуми за влез во ЕУ како и за дригите земји, како и тоа дека Македонија заслужува да биде почитувана.
Според неа, Европската Унија е единство на различности, а ние како мала земја заслужуваме да бидеме почитувани како и сите останати.

163

Претседателката со реакција дека нејзиното барање за гаранции од италијанскиот претседател Серџо Матарела за нашиот пат во Европската Унија, дадено за време на посетата на Ватикан, била „формулација што не беше баш како што треба пренесена“.

„Прво да ви кажам дека тоа е една формулација што не беше пренесена баш како што треба. Кога јас зборував за гаранции со господинот Матарела миселв на оние кои што посегаат по вето. Мислев, пред се, дека ако ние веќе не знам колку пати сме го менувале Уставот и повторно сме се соочувале со нова промена. Крајно време е да знаеме дека ова што ќе се случува од страна на Бугарија е барање со кое може да се остави простор за вето врзано за Копенхашките критериуми меѓутоа не за прашања што се врзани за идентитет, за историја“, потенцира претседателката.

„Впрочем јас денеска немам прилика но и во договорот за ЕУ, особено во преамбулата, и во Лисабонскиот договор и во Повелбата за фундаменталните права, јасно е посочено дека ЕУ е единство на различности и дека ги прифаќа идентитетот, интегритетот, особено културниот и националниот идентитет, како нешта за кои не се разговара. Ние во поглед на многу прашања и многу критериуми сме биле исклучок. Крајно време е да се стави крај на тоа. Ние сме мала држава но мислам дека заслужува да биде почитувана како сите останати“, децидна е Сиљановска Давкова.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content