ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЌЕ ЈА БЛОКИРААТ СТРУМИЦА ОТИ НЕМААТ ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ЗА НИСКАТА ЦЕНА НА ДОМАТИ

244

Производителите на домати в понеделник ќе ја блокираат Струмица бидејќи никој од Владата не ги контактирал за да им ги слушне проблемите и да им помогне. Откако вчера го блокираа патот до три населени места, тие денеска три часа протестираа на влезот во Пиперево, кое важи за најголем производител на домати.

„Ако нема Влада не значи дека треба да бидеме оставени на милост и немилост. Оваа држава има институции. Нека дојдат овде да видат што се случува и како си играат со нашата мака. Ова е недозволиво. Пред половина век доматите беа со цена од 20 до 25 денари кога репроматеријалите беа евтини. А, сега, ем скапи репроматеријали, ем ниски откупни цени. Има ли некој овде да гарантира за земјоделците“, праша Васе Сколов, кој оваа година има засадено околу 20.000 корени со домати.

Земјоделците најавија дека в понеделник ќе протестираат во Струмица каде ќе блокриаат неколку клучни сообраќајници. За нив е неисплатливо првите берби на домати да се продаваат по цена од 20 до 25 денари. Убедени се дека има и домати од увоз.

„Ако за два дена овој проблем не се реши, излегуваме на протести во Струмица. Сакаме да имаме рентабилна откупна цена од 35 денари по килограм, но и да се стопира увозот на домати од Албанија“, кажа Христијан Спасов, млад земјоделец.

Дека постои увоз на домати од странство потврдија и од Националната земјоделска мрежа, чии претставници дадоа поддршка на денешниот протест во Пиперево. Ѓорѓи Карашев вели дека државата мора да најде начин да стави ред во откупот.

„Мора да се стави ред со трговците кои ‘дивеат‘ со цените на доматите и го злоупотребуваат трудот на земјоделците. Мора да се стави контрола и на непотребниот увоз однадвор, кој е со сомнителен квалитет. Вака ако продолжи, нашето производство е осудено на пропаст“, рече Каракашев.

Последнава недела раноградинарите со серија протести и блокади бараа од Владата да донесе загарантирани откупни цени.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content