Мицотакис немал намера сега да ги ратификува меморандумите, А НЕ ДЕКА ДОСЕГА БРЗАШЕ, ЧЕКААТ СО ГОДИНИ

202

Во овие околности кога цела Европа е наспроти Северна Македонија, но не случајно, туку затоа што се мобилизираше и грчката дипломатија и јас лично, а постојат строги повици до Скопје да сменат став, доаѓате и барате со закон сега да се ратификуваат меморандумите. Навистина кревам раце, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот, обраќајќи му се на претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос, јави дописничката на МИА од Атина.

Од утрово во грчкиот Парламент во тек е расправа на ниво на лидери на партии за инфлацијата и поскапувањата на цените, а Фамелос во неговиот говор се осврна и на надворешната политика, акцентот ставајќи го на Договорот од Преспа и ставот на актуелната грчка Влада за трите меморандуми кои СИРИЗА одново ги достави за ратификација.

Одговарајќи му на претседателот на пратеничката група на СИРИЗА, Мицотакис потсети на неговиот став, тогаш како лидер на опозицијата, на расправата за ратификација Договорот од Преспа на почетокот на 2019 година, повтори дека тогаш Нова демократија рече дека не се согласува и ќе гласа против Договорот, но дека ќе мораат да го почитуваат „бидејќи претставува меѓународен меѓудржавен договор што ги надвладува грчките закони и со тоа немаме начин да го смениме“.

-Изразивме и силна резервираност за националниот пароксизам на ВМРО, како што се манифестираше во последните две години и одбравме да не ги донесеме за ратификација протоколите што, внимавајте, не произлегуваат од самиот Договор од Преспа, туку го придружуваат, бидејќи сакавме да бидеме апсолутно сигурни дека од Владата на Северна Македонија ќе има усогласување со клучните точки од Договорот, а најклучно е прашањето со името. И целосно е оправдан овој наш став. Бидејќи доаѓа сега нова Влада, со нова претседателка и мандатар за премиер кои отворено го презираат Договорот од Преспа, нарекувајќи ја Северна Македонија, Македонија, рече грчкиот премиер и додаде дека со ова се игнорира ерга омнес употребата на името.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content