Сојузот на Македонците со Исламска религија, СМИР, упати честитка до претседателката Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор, посакувајќи и плодна и успешна работа.
Вашата инаугурација како прва жена Претседател на Република Македонија, стои во честитката, е историски момент кој го поздравуваме со особено задоволство.
-Веруваме дека со успех ќе ја водите државата и ќе покажете дека успешно може да се оди и кон Европа но и да се штитат интересите на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, се наведува во честитката потпишана од Латиф Пајкоски, претседател на СМИР.