НА ТВИТЕР ПРОТЕЧЕ МЕИЛ: АПАСИЕВ ДАЛ НАСОКА ЗА БОЈКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ! – Апасиев демантира
На социјалната мрежа Твитер протече мејл на кој јасно се гледа какви насоки дава Димитар Апасиев кон членовите на Централниот комитет на Левица како да се однесуваат за вториот круг претседателски избори. Сепак, лидерот на Левица се јави со демант.
Откако Максим Димитриевски јавно ја поддржа кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова за претседател во вториот круг на претседателските избори, јавноста очекуваше дали и Левица ќе го направи истото. Сепак, партијата предводена од Димитар Апасиев реши да биде „опозиција на опозицијата“.
По неколкуте координирани напади од Билјана Ванковска и Димитар Апасиев кон Гордана Силјановска Давкова утрово на Твитер протече и меил кој, како што пишува, Апасиев го повикува членството како да се однесува за претседателските избори. Со дрзок вокабулар, како што може да забележиме на мејлот, Апасиев наводно пишува членовите на Левица да одбијат да земат ливче за гласање претседател, а дава и насока како да биде наративот за социјалните мрежи.
Твитот го пренесуваме во продолжение:
Почитувани членови на ЦК
Вмровците влегоа во директна конфронтација со нас преку нивните медиумски куртони. На ова можеме да им одговориме само со тоа што ќе им ги пропаднеме претседателските избори.
ВЕДНАШ ДАДЕТЕ НАСОКА ДО СИТЕ ЧЛЕНОВИ И ФУНКЦИОНЕРИ ДА ОДБИВААТ ДА ЗЕМАТ ЛИВЧЕ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ.
На сите функционери кажете им дека нашите набљудувачи ќе бележат кој земал ливче и за сите функционери кои ќе гласаат следува чистка по ПУКА КОЗМЕТИКА модел.
На социјалните мрежи освен бојкот, ширете и наратив за неважечки за да не не поврзуваат со ДУИ.
Ова е за доброто на партијата, ДПМНЕ не смее да има претседстел, доколку се бира во Собранието шанса ќе имаме и ние!
Ваквиот наратив и не е чуден доколку се земе предвид дека Горан Костовски, кандидат на Левица во ИЕ2, непосредно по овој меил на ФБ и твитер почнал да објавува повици за бојкот.
ДУИ засега за јавноста молчи. Но, според она што се шири на ТикТок и тие пасивно повикуваат на бојкот. Ако е вистина ваквиот мејл на Апасиев, овој став е сличен на оној на ДУИ, по што се јавуваат сомнежи дека овие партии се во координација за вториот круг претседателски избори.
Во меѓувреме, се огласи и Димитар Апасиев кој демантира дека е испратен ваквиот мејл и упатува погрдни зборови кон оние кои го објавиле. Чудно е што Апасиев за оваа наводно лажна вест ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, на кои бојкотот не им одговара, а не ДУИ кои се залагаат за бојкот.