Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

57

МВР извести дека вчера во 18.45 часот во Тетово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода А.Т.(35) од тетовското село Мала Речица.

При претрес во домот кој го користи под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени саксии со насади од растението канабис, шишиња со течност и други предмети поврзани со делото.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content