Влада формира кој ќе има 61 пратеник, АМА ДУИ СИ ИЗМИСЛУВААТ ПРАВИЛА, НЕ МОЖАТ ДА СЕ ПОМИРАТ АКО НЕ СЕ НА ВЛАСТ

65

Откако е се поизвесно дека ВМРО-ДПМНЕ доколку победи на изборите нема да формира влада со ДУИ, од партијата на Ахмети секој ден излегуваат со свои правила и толкувања. Иако е јасно дека влада формира тој што има 61 пратеник, според ДУИ, тие мора да се во влада.

Mинитерот на ДУИ Бујар Османи денеска на прес конференција беше прашан како на парламантарните избори во 2016 година ДУИ влезе во влада со СДСМ иако таа партија не победи, со што беше нарушено правилото „победник со победник“, Османи одговори дека новинарите и граѓаните не ја разбираат суштината.

„Рамковниот договор има механизам за заштита на немнозинските заедници, а не е создаден заради мнозинската заедница. И затоа, покрај 61 пратеник како мнозинство, се бара и бадентерово мнозинство. Оттука се јалови сите обиди да се потцени волјата на немнозинското население“, рече Османи.

„Што доколку некој формира влада без ДУИ, обезбедувајќи 61 пратеник, беше прашан Османи?

„Тоа е веќе навредливо прашање, затоа што без двојно мнозинство, според Рамковниот договор не може да има функционално Собрание и Влада и не се однесува само за Албанците, туку за сите немнозински заедници“, рече Османи според кого изборите ќе бидат референдум за соживот.

„Дали треба да земам табла и да нацртам? Нема влада без бадентерово мнозинство и без тоа не може да има функционално мнозинство за формирање на влада, тоа е во духот на Рамковниот договор, двојното мнозинство го има во уставните измени и нема потреба да го пишува во закон или да се прават законски измени“, рече Османи.

Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска за Лидер бешее дециден во ставот дека неговата партијата ВМРО-ДПМНЕ нема да има соработка со ДУИ во заедничка влада после 8-ми мај. Според него, исклучена е секаква соработка со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во било која варијанта.

-Ние ова ќе го реализираме и нашата поддршка после изборите ќе расте затоа што ќе видат дека го држиме зборот како што го одржавме дека нема да има измени на Уставот под бугарски диктат и немаше, истакнал потпретседателот на партијата и носител во ИЕ 4.

Николоски потенцирал дека има неколку помали политички партии од македонскиот кампус кои му слугуваат на Али Ахмети свесно или несвесно.

-Има неколку помали политички партии од македонскиот политички кампус кои му слугуваат на Ахмети свесно или несвесно и му прават услуга, но дури и со нивното слугување пак нема да успее на Али Ахмети тактиката и стратегијата. Ако видите во првиот круг имаше седум кандидати за претседател, во вториот нормално влегуваат двајца според Уставот, од останатите 5 кандидати еден беше про владин тоа е Бујар Османи и четири беа про опозициски, овие четири до денес ја немаат поддржано Гордана Силјановска Давкова што е најнормалната работа да ја направат ако се опозиција. Што значи дека или немаат елементарно чувство за државата или се заслепени од сопствениот неуспех и тоа што не можат да си го признаат неуспехот или свесно или несвесно работат за ДУИ и Али Ахмети односно за власта, изјавил вториот човек во ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски пред неколку дена соопшти дека идната влада ќе ја предводи неговата партија, а во нејзе ќе биде коалицијата која на овие избори настапи под името „Влен“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content