Од полноќ нова цена на горивата: Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот

52

Цената на бензините од вечерва на полноќ се зголемува, додека цената на дизелот останува иста, одлучи регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 од утре ќе се продава поскапо за 1 денар, и ќе изнесува 87,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе се продава по цена од 90 денари по литар, што значи поскапување за 1,5 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 1,5 денари, и од утре ќе продава по цена од 76 денари по литар.

Поевтинува цената на екстралесното масло за 1,5 денари, и од утре ќе изнесува 76 денари. Цената на мазутот се зголемува за 0,3 денари, и од утре ќе се продава по цена од 44,6 денари по килограм.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content